![]() |
Маја Беровиќ |
Маја Беровиќ која пред неколку месеци ја издаде песната „Alkohol”, готова е со нов проект со кој ќе ги израдува многубројните фанови.
Новата песна се вика „Volela sam te kao majka“и е балада која ќе биде вклучена во нејзиниот нов албум кој треба да излези во септември.
За потребите на песната, Маја сними и видеоспот во кој некои сцени наликуват на хорор филм, каде што таа е врзана и мачена, а во еден кадар ќе имате можност да видите и како си ја отсекува и косата.
– „Многу уживав додека го снимав спотот, бидејќи е многу различен од се она досега што сум го правела. Песната е многу емотивна и сугурна сум дека ќе и се допадне на публиката, баш како и мојот албум кој треба да излезе наесен.“ – сподели Маја
Автор: Наташа Секуловска