Среќен 8-ми роденден Estrada World

Драги наши читатели,

Со доаѓањето на есента, да ги оттргнеме мислите од грижите што секојдневно не оптоваруваа изминатиот период и да уживаме во убавите мигови кои ни ги дава животот. На 6-ти септември го прославивме нашиот 8-ми роденден.

По тој повод,  официјално ви го претставуваме нашиот нов сајт – www.estradaworld.com  и  имаме подготвено низа изненадувања, од кои прво ќе ви претставиме роденденско интервју со познатата пејачка од соседна Бугарија, а во останатите екслузивните интервјуа кои ви ги имаме подготвено, очекувајте покрај музиката нашите главни гости да зборуваат отворено за се она што нив ги прави среќни. Ќе видите дека среќата лежи во малите нешта кои постојано не опкружуваат, но само треба да ги забележиме и да им отвориме врата да влезат во нашиот живот.

Ние ќе си посакаме нови убави страници, исполнети со море од насмевки, тон среќа, океан од берикет и љубов до небото и назад. Ви благодариме што сте со нас! Уживајте во секој ден од животот!

Главен и одговорен уредник,

адвокат м-р Наташа Секуловска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *