Александра Младеновиќ важи за една од најбараните пејачки на српската сцена, а овие дена повторно се најде на музичките листи со баладата „Ničija”.
Песната е направена специјално за потребите на серијата “Ubice mog oca”, која овој месец стартува со својата шеста сезона и во видеоспотот се појавува познатиот глумец Вук Костиќ, кој важи за еден од најзгодните ергени во соседна Србија.
„Беше одлично да соработувам со Вук, тој е прав професионалец и тоа ми го докажа. Ја снимивме таа сцена со него во кафана и мило ми е што се изгледа толку реално,иако само глумевме“ –сподели Александра за telegraf.rs
Музиката и текстот за песната ги напиша Александра Коваќ, додека пак аранжманот го изработи Александар Софронијевиќ, а песната веќе се најде на одличен прием кај публиката, редејќи позитивни коментари.