Новата година започна ударно за бугарската пејачка Джена. Таа покрај многубројните настапи, обврските околу своите две деца, таа никогаш не ги запостави своите обожователи, кои се со неа од самиот почеток на нејзината кариера.
Во месецот на љубовта, таа изненади со песна која носи наслов “Сърце от лего”. Љубовта е за сите нас водечка сила и личен генератор на се она што го правиме. Наша движечка сила. Дали ќе е љубов кон животот, кон човек, дали кон семејство, животно, тоа е за сите нас водечко. По тој начин дишиме и се движиме. Среќата лежи во малите нешта кои постојано не опкружуваат, но само треба да ги забележиме и да им отвориме врата да влезат во нашиот живот.
Токму оваа тема е движечка сила во новиот проект на Джена, за кој веруваме ќе ве освои на прв поглед и ќе остане во вашите срца. Парчето е дело на композиторот Дејан Асенов, со текст на самата пејачка во соработка со Анастасија Мавродиева, додека пак видеото е режисирано од страна на Људмил Иларионов – Љуси и оваа вечер ќе биде премиерно претставена пред публиката во Сандански.
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Планета ТВ
©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон