Бони смела и категорична во новиот видеоспот кон песната „Харакири“

Една од емблемите на бугарскиот попфолкот во соседна Бугарија – Бони, после неверојатниот успех на песната  „Дреме ми“, која веднаш се претвори во една од најслушаните песни ова лето, одлучи своите обожователи да ги израдува со нова песна.

„Харакири“  е најновиот видеоспот на пејачката кој може да го гледате во официјалниот канал на  пејачката во YouTube – Boni (Official) . Таа е  по музика и аранжман на Питар Рајнов – Spacesound, додека пак за текстот се погрижија  Бони и Јордан Гергов.

Режисер на видеоспотот е Добромир Николов, кој овој пат прати една љубовна историја во која се покажува дека изневерувањето не е убаво нешто и дека предизвикува голема болка, која никогаш не зараснува. Во него во главна улога ќе го видиме  бугарскиот изведувач Илијан, добро познат на македонската публика.

„Вистина или заблуда. Сретнуваш човек, чувствуваш дека тој е целиот твој свет, а можеби и твојата сродна душа. Но, сепак животот е непредвидлив“ – изјави Бони.

Во прилог, погледнете за што станува збор:

Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Бони

©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *