Во моментов Теа Таировиќ важи за еден од најбараните изведувачи во соседна Србија и низ целиот Балкан и за прв пат во својата солистичка кариера ќе одржи концерт во Скопје. Местото на настанот е закажан во Арена „Јане Сандански“ на 16-ти декември.
„Скопје се гледаме на 16-ти декември во Арена „Јане Сандански“ и не можам да ја опишам својата среќа. Ве сакам сите! “ – изјави Теа на нејзините социјални профили.
Овој концерт е уште еден доказ за нејзината популарност, после феноменалниот концерт на стадионот „Ташмајдан“ во Белград ова лето и сите оние кои ќе присуствуваат ги очекува неверојатна емоција и забава, а пејачката со сигурност ќе се погрижи за таа атсмосфера, а сведоци сме дека нејзиниот нов албум ги руши сите рекорди на слушаност.
Потсетуваме дека после новиот албум „Балерина“ кој можете во прилог да го преслушате, Теа изненади и со дует со фолк дивата Галена, а овој месец заминува на голема американска турнеја.
Автор: Наташа Секуловска
Фото: Теа Таировиќ
©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон