Концерт на годината: Драгана Мирковиќ успешно прослави 30 години кариера


Драгана Мирковиќ на 3 октомври во „AKombank arenа“ во Белград одржа спектакуларен концерт со кој прослави 30 години успешна музичка кариера.

Имено, таа во присуство од 20.000 луѓе, уште еднаш докажа дека е права ѕвезда кога се работи како треба да изгледа еден концерт во кој целосно ќе може да ужива публиката од почеток до крај.

На сцената излезе околу 21 часот и најпрво ја испеа песната “Jedini”, а потоа им се обрати на присутните:
„Добро вечер Белград, добро вечер драги мои. Оваа вечер славиме јубилеј. Она од што нај повеќе се плашев е да не заплачам, а малку ми треба само. Јас сум вечерва овде за вас да ви кажам,фала и дека сте вие мојата голема љубов“ – рече Драгана на почетокот на концертот.

После првата песна, веднаш се нижеа нејзините хитови како „Ljubavi“, „Milo moje, što te nema“, „Spasi me samoće“… Она што исто така беше интересно е тоа што на сцената друштво и правеа и Рада Манојловиќ, Плави Орекстар…но, незапазени не останаa и Лепа Брена, Јелена Карлеуша, Гога Секулиќ, Ана Николиќ и многу други.

Автор: Наташа Секуловска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *