Само пет дена поминаа од премиерата на новиот спот на бугарската ѕвезда на „Планета ТВ“ Јаница – “Хубаво го запомни” , а гледаноста во официјалниот канал во YouTube Planeta Official постојано се зголемува, а до овој момент изнесува повеќе од 640 000.
Фактите говорат дека имаме едно жешко парче и една уште потопла изведувачка која знае како да предизвика интерес кај љубителите на поп-фолкот.
За музиката и аранжманот на песната Јаница се довери на Diamond Beat Production, додека пак текстот го напиша Росен Димитров. Режисер, сценарист и одговорен оператор на видеото е Георги Марков.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Георги Малев