Во пресрет на празниците, Глорија им подари на своите многубројни фанови нова песна која веќе може да се види и чуе во официјалниот канал на телевизија “Планета” во Youtube– Planeta Official.
Музичкиот проект “Криле” е по музика и аранжман на Митко Петров, а за текстот повторно креативни идеи здружија Глорија и Мариета Ангелова. Додека пак клипот е дело на режисерот Људмил Иларинов – Љуси, кој е сниман во клубовите “Night Flight” и „Club 33“ во Софија.
Пејачката не крие дека со песната “Криле” сака да пренесе порака на луѓето да веруваат во себе и во своите соништа, да се борат, бидејќи човек верува ли во себе, нема сила која може да го запре.