![]() |
Елена Јовческа – Фотосесија 2019 |
Елена Јовческа, нашата амбасадорка на музиката овој период е доста активна на сцената, работејќи интензивно на нови песни. После прекрасната фотосесија која ја претстави и песната „Не ме допирај“, таа сними уште две други песни.
Имено “Љубовта не родила” е насловот на дуетската песна на фолк пејачката и нејзиниот колега Далибор Даки Ѓошиќ. Тие веќе снимија и видео запис кој се очекува да излезе во најскоро време, а снимањето се одвиваше во селото Прибилци, Демир Хисар.
![]() |
Елена Јовческа и Далибор Даки Ѓошиќ – „Љубовта не родила“ |
![]() |
Елена Јовческа и Далибор Даки Ѓошиќ – „Љубовта не родила“ |
„Мислам дека направивме еден одличен спот. За тоа се погрижија и ИН Продукција, но и младите играорци од КУД “Моминок” Прилеп.“ –сподели Елена.
Во меѓувреме беше претставена песната „Ајде бато“ со која Елена го најавува својот нов музички албум, од која таа има големи очекувања, а ја радува фактот што за овој краток период откако ги промовираше песните, веќе се бараат на нејзините настапи.
„Песната „Ајде бато“ е доста весела и мислам дека веќе се проби кај публиката. Но, тука не запирам. Подготвувам многу изненадувања за сите оние кои ја следат мојата работа“ – додава таа.
![]() |
Елена Јовческа – „Ајде бато“ |
Елена на 8-ми јуни настапи во дискотеката Палма во Швајцарија, заедно со легендата Шемса Сулјаковиќ и Џогани каде што се бараше карта плус за влез, а оние што присуствуваа имаа можност да се насладат на вистинска македонска забава, каква што ние само македонците знаеме да направиме, за што сведочат многубројни слики и видеа од настапите.
Настап во дискотека „Палма“, Швајцарија
Во прилог погледнете ги песните:
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Лична архива