(Видео) Бура од емоции во новата песна на Галин

Долгоочекуваниот видеоспот на Галин веќе е факт во официјалниот канал на телевизија Планета – PlanetaOfficial во YouTube.

Песната “Как си, кажи” е снимена во Лондон, поточно во населбата Shoreditch која е позната по својот бурен ноќен живот и уличната уметност. За нејзината реализација задолжени беа режисерот Георги Марков кој успеа да го сними спотот за рекордни три дена,а стиховите ги напишаа Станислава Василева и Анастасија Мавродиева. Музиката  е дело на самиот Галин, додека пак аранжманот е на Дејан Асенов.

Исто така, наскоро по Планета Тв ќе направи премиера и првиот спот на Dessita, млада пејачка, која Галин одлучи да ја продуцира.  

Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *