Преслава, пред неколку дена откако премиерно ја претстави баладата “Ако утре ме губиш” на концертот “XIII години телевизија” Планета“, реши да ја претстави и со слајдшоу во официалниот канал на телевизијата во Youtube – Planeta Official.
Песната предизвика бурни позитивни реакции кај фановите на пејачката,особено текстот кој е дело на Анастасија Мавродиева, но дали ќе се смести и во музичките листи оваа зима останува да видиме, а наскоро Преслава ќе ги изненади и со нов видеоспот. Но, дали видеото ќе биде кон оваа песна или кон некоја друга, пејачката засега задржува во тајност до премиерата на својот нов проект.
Автор: Наташа Секуловска