Денес ќе е факт првата од трите средби кои Джена ги организира за своите фанови. Почетокот на средбите е поставен во морскиот град Варна – во Бугарија, а пејачката со нетрпение ги очекува сите кои сакаат да присуствуваат и да се дружаат со неа без разлика на возраста.
Местото на настанот е во клубот Plaza Night, со почеток од 16:00ч.(по бугарско време). После Варна другите градови кои ја очекуваат Джена, се Пловдив и Софија.
Паралелно со фен клубовите, таа се радува и на успехот на нејзината најнова песна “Спри да ми досаждаш”, која бележи исклучително висока гледаност со над 3 милиони за многу краток временски период во официалниот канал во YouTube на Планета ТВ.
Автор:Наташа Секуловска