Откако пред неколку дена Елена Јовческа ексклузивно за нашиот сајт претстави дел од рефренот кон нејзината најнова песна „Hollywood”, таа го објави и видеото кон неа.
Музиката е на композиторот Николче Кочановски, додека пак за текстот се погрижи Љупче Василев. Спотот се снимаше на повеќе локации, а за негова реализација беше ангажирана INTV. Дали, ви се допаѓа новиот хит од Елена ќе научиме од вас. Уживајте 🙂
Автор: Наташа Секуловска