Српската попфолк дива Тина Ивановиќ вчера го прослави својот роденден и по тој повод им приреди големо изненадување на нејзините обожователи.
Имено, во нејзиниот канал во YouTube премиера направи спотот за вечниот нејзин хит од 2006-та година, песната „Zaljubljena“. Потсетуваме дека песната е по музика на Петар Стокановиќ, со аранжман на Срки Бој. За видеото на оваа вечна балада пејачката се довери на Паравина и во него ќе уживате во прекрасни кадри од Грција, но и многу сексапил, затоа што српската пејачка како и секогаш умерено знае да го покаже нејзиниот секси, заводлив изглед, кој е нејзина запазена марка долги години.
„Драги мои, ви благодарам на сите за убавите желби за мојот роденден. Јас Вас како поклон ви го спремив спотот за вашата и мојата омилена песна „ZALJUBLJENA”. Ви благодарам што сте до мене сите овие години, много ми значи вашата подршка. Ве сакам“ – изјави за нас Тина.
А, ние ексклузивно ви го преставуваме видеото:
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Лична архива
©Estradaworld.mk Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.