Елена Јовческа како и секогаш така и овој пат одлучи своите фанови да ги изненади со нешто ново.
После промоцијата на албумот „Врати ми ја младоста“, песната “Сестра“ (дует со Сања Ристеска) и преработката на познатата народна песна „Машала“, таа сними и нова фотосесија која е дело на Дарио Јанковиќ.
Фотосесијата ја открива нејзината одлична фигура, за која за кратко време собра многубројни комплименти од фановите, споделувајќи дека е презадоволна од нивната реакција и дека идејата за стајлингот е на Алек Палада, а за нејзиниот изглед се погрижија и бутик „Парис“ и “Венус“ од Прилеп.
Во прилог ви претставуваме дел од фотосесијата, а дали и ви се согласувате дека изгледа повеќе од одлично ќе дознаеме од вашите коментари.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Дарио Јанковиќ