Од пред неколку дена факт е најновиот проект на бугарската дива Галена кој беше официално претставен во каналот на Планета Тв во YouTube – PlanetaOfficial.
Песната се вика „Стара каравана“ и е по музика и аранжман на романскиот композитор Кости Јонита, а текст на Мариета Ангелова.
Видеото кое е свежо и летно, типично за овој период од годината е снимено под режисерската палка на режисерот Николај Нанков и е едно од изненадувањата на пејачката за нејзината публика, затоа што во мај го престави дуетот „В твоите очи“ со ДесиСлава, а пак во јуни дуетот со групата Akcent.
Ексклузивно ви го претставуваме летниот хит на Галена, а дали ви се допаѓа ќе научиме од вас.
Автор: Наташа Секуловска