![]() |
Татијана Стефановска |
Нашата позната музичка попфолк ѕвезда Татијана Стефановска ги израдува своите обожователи со видеоспот кон чисто нова песна која носи наслов „Избери“.
Парчето е качено во официјалниот канал во YouTube на пејачката и веднаш ги освои симпатиите на публиката. Станува збор за тема која што е авторско дело на тимот со кој штоТатијана соработува долги години наназад, а тоа се Дејан Момировски (музика и аранжман) и Борче Нечовски (текст).
![]() |
Татијана Стефановска – „Избери“ |
Во продолжение погледнете го видеото кое што го изработи „Веста продукција“:
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Лична архива