Премиера: Погледнете го летниот хит на Лозано – „Како тебе нема друга“

Влатко Лозановски Лозано го претстави својот нов музички проект, кој носи наслов “Како тебе нема друга”. Вистински бум направи во интернет просторот целокупниот проект, и само за еден ден видеото има многу позитивни  коментари што е потврда за огромен интерес од страна на фановите.

Песната е по музика на познатиот македонски композитор Лазар Цветковски, додека текстот е на Милан Миланов.Спотот е дело на режисерот Горан Костадинов. Ексклузивно ви го претставуваме новиот музички проект на Лозано, уживајте.
Автор: Наташа Секуловска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *