Две од најпопуларните бугарски ѕвезди во моментов на музичката куќа „Пајнер“ во соседна Бугарија – Галена и Преслава се собираат специјално за мега концертот на Цеца на 21 август во Несебар.
Лично балканската дива Цеца Ражнатовиќ ги избрала да пејат заедно со неа на концертот кој е дел од нејзината турнеја „Poziv”, а за кој билетите се веќе во продажба и можат да се купат преку Eventim, како и на стадионот во Несебар.
Имено, Преслава и Галена ќе ја забавуваат публиката еден час пред излегувањето на Цеца на сцената, за кое што имаат и подготвено и специјално шоу со кое ќе ги израдуваат нивните фанови.
Автор: Наташа Секуловска