(Видео) Екстра Нина даде живот на песната „Забранената любов”


Бугарската емблема на попфолкот  Екстра Нина ги израдува своите обожователи со видеоспот кон песната „Забранената любов”, која е дел од албумот „Белязани с любов”. Тој се појави во 2016-та година кога пејачката одлучи да се врати повторно во редиците на музичката компанија „Пајнер“.

Парчето е по музика и аранжман на Свобода Даскалова, додека пак за текстот се погрижи Пламен Велинов. Режисер на спотот, кој носи летно расположение го изработи Николај Скерлев, а ексклузивно ви откриваме дека изведувачката работи паралелно на уште неколку проекти кои планира да ги издаде оваа година. Што се ни има подготвено, останува да видиме.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета Тв


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *