Долгоочекуваниот нов музички проект на Јаница “Няма да ме купиш” веќе е факт.
Песната ја направи својата премиера во официјалниот канал на телевизија Планетаво YouTube, со што за само неколку дена веќе има речиси 1.000.000 прегледи предизвикувајќи огромен интерес кај публиката.
Пејачката успеа да ги изненади своите фанови, бидејќи во песната се вклучува и нејзиниот колега Галин. За музиката и аранжманот на песната таа се довери на Dimond Beat Production, а текстот е дело на Росен Димитров. Ефектниот спот е на Георги Марков, а фотосесијата е дело на Георги Малев.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Георги Малев