Летото е омилената сезона на многу луѓе, затоа што покрај одморите и патувањата е исполнето и со многу хитови песни. Се знае дека убавата музика нема граници, па затоа македонските пејачи стануваат се популарни на Балканот.
После Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Турција, Хрватска е следната земја во која нашите пејачи се радуваат на љубовта на фановите. Доказ за тоа е што Влатко Лозановски – Лозано и Џесика Палашоска се вклучени во гласањето за „Летен хит на Балканот“, во најпознатото хрватско списание Folk Estrada со песните „Како тебе нема друга “ и „Готово е“. До 15 август секој може да гласа за нив во Facebook, а формулата е “1 Like= 1 vote”.
Автор: Наташа Секуловска