Емилија како вистински професионалист се врати на музичката сцена со баладата „Завинаги“ после страшната сообраќајка која ја преживеа во месец мај заедно со нејзиниот вереник и неговиот син.
Имено, баладата е посветена на загинатиот Феди Башур кој го напушти овој свет предвреме, а за само неколку дена песната има повеќе од 800.000 прегледи во официјалниот канал на телевизија Планета во Youtube, а нејзините фанови го искажуваат своето сочуство кон овој толку тежок момент за неа и нејзините блиски.
Емотивниот текст кон баладата е дело на Мариета Ангелова, додека пак музиката е дело на српскиот композитор Саша Николиќ со аранжман на Даниел Ганев. Видеоспот го изработи режисерот Николај Скерлов.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Светослав Корчијски