После песната „Тестамент“ по која е насловен и нејзиниот прв музички албум кој излегува наскоро и се претвори за само неколку дена во вистински хит, Александра Пријовиќ вчера објави уште два нови спота.
Песната „Telo“ е по музика и текст на Драган Брајовиќ – Браја, додека пак емотивната баладата „Sledeca“е дело на Пеџа Меденица, а видеоспотовите кои изобилуваат со прекрасни кадри и овој пат се дело на IDJvideos, со што видеоспотот за песната „Telo“ е снимен во Мајами.
На 13 јуни ќе излезат и видеоспотовите за песните „Separe“и „Klizav pod“, а пак на 16 јуни „Mesto zlocina“ и „Voljena gresko“, со што наскоро во продажба ќе биде пуштен и албумот.
Автор – Наташа Секуловска