Песната веднаш предизивика интерес кај публиката, за која нејзините обожователи споделија дека после неверојатната балада од оваа година “Последният”, ова е нејзината најдобра песна последниве неколку години. Но, ексклузивно ви откриваме дека Соња Немскаподготвува и уште една нова песна, која треба да излези до крајот на оваа година.
(Видео) “Аз съм жената“ на Соња Немска ја направи својата премеира по Планета Тв!
“Аз съм жената“ е насловот на долгоочекуваниот нов музички проект на Соња Немска, кој вчера ја доби својата премиера по Планета Тв.
“Многу ја сакам музиката, тоа е одлична уметност и како дете знаев дека ќе станам музичар”, сподели пејачката за Планета Тв. „Кога ми беше тешко во животот, забележав дека музиката е таа што ме извлекува од неволјите и така ги преживувам работите полесно“.
Новото парче е по музика и аранжман на Diamond Beat, додека пак љубовниот текст го напиша Мариета Ангелова.Режисерот и сценарист на видеото е Људмил Иларионов – Луси.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ




