Роксана го прослави својот роденден и во Софија, откако претходно го прослави во Лондон каде што имаше настап пред неколку дена.
Меѓу гостите покрај нејзиното најблиско семејство, наздравици кренаа и многу нејзини колеги, меѓу кои и нејзината пријателка од музичката компанија “Пайнер” – Марија Петрова. Огромна торта беше меѓу изненадувањата за пејачката, кои ги имаа подготвено нејзините пријатели.
“Благодарам од срце на сите за милите честитки за мојот роденден. Бидете живи и здрави, многу среќни и сакани “, напиша Роксана во официјалната Фејсбук страница.
Автор: Наташа Секуловска