Една од најпопуларните бугарски пејачки Тања Боева едногласно беше наградена со награда за “Најдобро облечена ѕвезда за последните 15 години“. Тоа се случи за време на годишниот Бал на топ моделите, кој се организира од страна на Евгени Минчев.
Тања Боева не ја скри својата возбуда од ова признание и се заблагодари од срце на Евгени Минчев кој како професионалец, се грижи за нејзиниот соврешен изглед.
„Благодарам, Евгени Минчев -за високото ниво, за огромната доверба и за “вселенскиот” професионализам!“ –сподели таа во нејзината официјална страница во Facebook.
На светскиот настан присуствуваа многу познати личности од јавниот живот во Бугарија, но вистинско изненадување предизвика појавата на Мис Велика Британија – Нина Франс, како и филмската легенда Клаудија Кардинале.
Автор: Наташа Секуловска