Најновиот музички проект на Роксана “Петък, Събота Неделя” за само неколку дена регистрира над 1 милион прегледи во YouTube каналот на Планета Тв, што вистински ја воодушеви пејачката.
“Среќна сум што уште еднаш испеав ваша песна, дека уште еднаш го оценивте мојот труд и ми ја покажавте вашата љубов, љубов кон мене и мојата музика. Сè што правам е само за вас, Моите обожаватели, вие сте адреналинот, емоцијата, инспирацијата и мојата најголема награда. Ви благодарам, благодарам и од името на Силвер “, ја сподели својата благодарност до публиката Роксана.
Песната е по музика на македонскиот композитор Јорданчо Василкоски –Оцко, додека пак за неверојатниот текст овој пат се погрижи поетесата Мариета Ангелова. Режисер на лентата е Николај Скерлев, со кого Роксана работи на последните неколку видеоспотови.
Автор: Наташа Секуловска