Новото видео на бугарската пејачка Сиана веќе е факт. Песната се вика “Щастливо влюбена“ и е по музика на Даниел Ганев, додека пак текстот е дело на самата пејачка. Видеото е режисирано од страна на Ивајло Спасов.
– „Пријатели еве го новиот проект од мене, се надевам дека ќе ви се допадне и ќе се забавувате многу на песната. Ви благодарам на сите што работеа на проектот“ – напиша Сиана на нејзината официална страница во социјалната мрежа Facebook.
Estrada World премиерно ви ја претставува песната, а дали ви се допаѓа ќе научиме од вас.