Првиот дует на Преслава и Фики “С теб или никой друг” ја доби својата премиера во ефирот на телевизија “Планета” и Planeta Official во Youtube на 8 декември посветен како ден на студентите и за помалку од деноноќие успеа да регистрира исклучително висок процент на гледаност.
Автор на музиката и аранжманот на парчето е Даниел Ганев, а текстот е на Росен Димитров. Видеото е режисирано од страна на режисерот Љуси, со што Пејачката и Пејачот на 2014 година докажаа дека имаат осет за хит, со оглед на тоа што песната предизвика лавина од позитивни коментари низ социјалните мрежи и рекордни 220 000 прегледи за помалку од 24 часа.
Автор: Наташа Секуловска