„Хабиби“ на Азис најпродаван сингл во Бугарија за 2016 година

Бугарскиот пејач Азис откако го представи синглот “Хабиби” во крајот на минатата година,  се уште продолжува да собира рекорди. 

Синглот е на врвот на продажбата на албуми во Бугарија за 2016 година уште пред крајот на годината. Импресивна бројка на продажба на овој сингл е повеќе од 100,000 парчиња. Всушност  албумот “Хабиби” содржи три верзии на песната – оригинал , акустична и клубна.

Спотот за песната до овој момент има повеќе од  35 милиони прегледи  на YouTube, со што ја прави најгледана бугарската песна. Интересот за  песната продолжува да расте и понатаму, со што познатото списание  New York Times Magazine  го вклучи “Хабиби” во својот ранг од 25 најпознати песни. А, фановите го очекуваат нестрпливо новиот проект на Азис и се надеваат дека ќе го повтори успехот на “Хабиби”.
Автор – Наташа Секуловска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *