Покрај многубројните настапи низ Бугарија, Преслава овој викенд ќе одржи два феноменални концерти во Германија.
На 16 и 17ти октомври се закажани концертите во Минхен и Нирнберг, каде што ќе пее по покана на бугарските жители кои живеат таму и со нетрпение ги очекуваат нејзините хитови. Сите оние кои ќе присуствуваат на концертите ги очекува добро расположение и музика со “Пејачката на 2014”.
За прв пат на меѓународна сцена Преслава ќе го претстави и актуелниот сингл “На тебе не отказвам”, кој во Бугарија, но и низ Балканот стана тотален хит. Песната се појави точно пред еден месеци и има собрано над 3 милиони прегледи.
Автор: Наташа Секуловска