(Видео) Јаница и Кристина ја испратија 2017 година со нивниот прв дует

Во последните минути од 2017 година, Јаница ја претстави својата нова песна „Главната“ која е дует со нејзината колешка Кристиана.

Парчето е по музика и текст на македонскиот композитор Јорданчо Василковски – Оцко, додека пак текстот е дело на Анастасија Мавродиева и Росен Димитров, кој покрај бугарски текст во себе вклучува и руски зборови. Провокативниот видеоспот кој предизвика лавина од коментари, во кој двете пејачки демонстрираат перфектна фигура и одредена доза на сексапил е реализиран од страна на режисерот Георги Марков.
„Главната“ освен што се врти по телевизија Планета, љубителите на попфолкот може да ја гледат и по Hit Mix Music TV и за само четири дена од нејзината премиерата има регистрирано повеќе од 300.000 прегледи во официјалниот канал на Планета тв во YouTube. 


Автор – Наташа Секуловска
Фото – Георги Малев 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *