Веселина го претстави својот нов народен видеоспот, кој е кон песната „Да се е чуло“, која е добро позната на љубителите на бугарската народна тракиска музика. Овој пат за нејзиниот аранжман се погрижи Виктор Јорданов – Кардама, додека пак видеоспотот е дело на Ненчо Касамов и е сниман во градот Благоевград.
“Ја знам оваа песна долго време, па сакав да ја снимам и да и направам и видеоспот. Ја сакам нашата фолклорна музика и секоја година се обидувам да им понудам на моите обожаватели песни во моја изведба!”, сподели Веселина.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Diapason Records