Джулија е едно од новите имиња во попфолкот во Бугарија, која сигурно и полека се стреми кон врвот, станувајќи се поактуелна помеѓу бугарската естрада.
После неверојатните хитови оваа година „За мене край си“ ft. Анелия, „Ще ме научиш ли“ (дует с Константин), „Поздрав за жена ти“ ft. Галена, младата пејачка на музичката компанија “Пайнер” ја претстави песната „На Дявола жената“, која е по музика и аранжмант на Diamond Beat Production, додека пак текстот е на Анастасија Мавродиева и Росен Димитров. Во спотот кој е дело на режисерот Људмил Иларионов – Љуси, за прв пат имаме можност да ја видиме пејачката посекси од секогаш, истакнувајќи ја својата природна убавина.
Дали ви се допаѓа новата песна на Джулија, ќе научиме од вашите коментари.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ