Бугарската ѕвезда Анелија, откако оваа година жнееше успеси не само во соседна Бугарија, но и во Турција и Грција со своите хитови “Дай ми още” и “Кажи ми” (“Pos Tin Ides”), како и самостојната песна “С тебе ми е най”, овие денови ги воодушеви своите обожователи низ социјалните мрежи со неколку слики од својата најнова фотосесија. Тие се исклучиво „жешки“, истакнувајќи ја сексапилната пејачка во типичниот за неа стил, црно – белиот дизајн.
Фотосесијата е дело на фотографот Теди Грозданов, со кого таа соработува неколку години, а за нејзиниот прекрасен изглед се погрижија Никола Иванов и Fetish Hair Studio.
Во меѓувреме, Анелијабеше наградена за најсекси бугарска ѕвезда за 2017 година, а исто така, публиката ќе има можност да ја гледа идната година покрај на „Планета ТВ“ и на позната национална бугарска телевизија, затоа што покрај многубројните ангажмани и патувања, ја прифати поканата да се снима во серија.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Теди Грозданов