Артан Кастрати полека го освојува и српскиот пазар

Артан Кастрати се повеќе и повеќе го освојува не само македонскиот, бугарскиот туку и српскиот пазар. Композиторот има богата биографија како автор и неговото име е добро познато на Балканот.

Се почесто изведувачите велат дека му доверуваат на Кастрати за новите проекти, а името на композиторот во последно време станува се повеќе популарно и меѓу фановите на поп-фолкот, како најкомерцијална музика.

Во моментов тој има готови две песни  за српскиот пазар од кои едната е за српската пејачка Вики  Милјковиќ како и за познатиот Саша Матиќ. Исто така новата песна на бугарската пејачка Андреа  „Искам нещо от теб“ е по негова музика.

Но, Андреа не е единствената бугарка за која Артан има напишано песни. Меѓу пејачите кои имаат соработувано со него се и Преслава, Борис Дали, Марија, Галена, Камелија,Цветелина Јанева…Без да конкретизира со кои точно други фолк ѕвезди од Бугарија и Србија работи во моментов, тој истакна дека кога ќе дојде време ќе се разбере.

Автор: Наташа Секуловска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *