Емануела и Галин, ги израдуваа своите фанови со нов музички проект, во пресрет на 8-ми март и роденденот на пејачот на 12 март.
Премиерата на спотот „5,6,7,8“ беше вчера, точно во 19 часот по Планета HD. Идејата за песната е на Галин, кој е автор и на музиката,додека пак текстот е на Анастасија Мавродиева и Станислава Василева, а аранжман на Dexter и Александар Николов, познат и со уметничко прекар – Alek Sandar.
Во видеото “5,6,7,8”, Галин заедно со Емануела решаваат да бидат доста провокативни и скандални, а е режисирано од страна на Станислав Христов.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Георги Малев



