Милица Павловиќ се смета за една од најбараните пејачки во соседна Србија, бидејќи од почетокот на својата кариера реди само хитови песни, а на настапите е вистински професионалец.
Имено,младата музичка ѕвезда поведена од успехот на нејзиниот втор албум „Boginja“, одлучи и овој пат да направи нешто поразлично од се што досега има претставено. Таа пред неколку дена го претстави својот трет музички албум – „Zauvek“, а нејзините обожователи веднаш ја опсипаа со позитивни коментари, поради што Милица не го криеше своето задоволство што по неколку месеци напорна работа, албумот конечно е на музичкиот пазар.
Во него ќе слушнете осум нови песни, меѓу кои и дуетот со Aca Lukas –„Kidas me“, како и песната „Operisan od ljubavi“.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Grand Production