(Видео) Емилија и Тони Стораро повторно се на врвот! Погледнете го дуетот – “Как да изтрезнея“!

“Как да изтрезнея” е насловот на вториот дует на Емилијаи Тони Стораро, кој за само три седмици регистрира над 3 милиони прегледи во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube, што е повторно доказ дека веќе се радува на огромен интерес од страна на публиката.

Музичкото парче е по музика на грчкиот композитор  Christos Karastathis, аранжман на Даниел Ганев, додека пак силниот текст е на Анастасија Мавродиева и Росен Димитров. Режисер на видеото е Николај Скерлев, кој ги реализираше снимките на неколку локации. Интересен факт е дека двајцата пејачи снимиле неколку од нивните настапи, така што дел од нив  може да се видат и во видеото дополнувајќи ја смислата на песната.


Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *