(Видео) ДесиСлава со песната „Вторник беше“ упати силна порака кон женскиот пол!

Долгоочекуваната премиера  на најновата песна  на Десислава, веќе е факт. Песната се вика „Вторник беше“ и вчера се појави во YouTube каналот на Планета ТВ– PlanetaOfficial.

Мелодичното парче  кое брзо успеа да ги воодушеви обожователите на овој жанр музика  е дело на  самата изведувачка, со аранжман на композиторот Даниел Ганев. Емотивниот текст кој ја прикажува болката после разделбата на две вљубени души е на поетесета Мариета Ангелова. Видеото е дело на режисерот Виктор Антонов.
Очекувањата за овој проект се големи и од страна на ДесиСлава и од страна на нејзините обожователи, затоа што последната песна „Много съм добра“ излезе минатата година во октомври, а потоа се појави дуетот со Фики „Да вдигнем шум“.

Во прилог, погледнете за што станува збор:
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Викторија Сиракова

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *