(Видео) Тања Маринова: „Продолжувам да правам песни кои произлегуваат од мојата душа“

Тања Маринова веќе неколку месеци е дел од продукциската музичка куќа во соседна Бугарија – „Пајнер“. После успешната прва песна „Ще ме помниш“, младата изведувачка ја претстави и својата втора песна која носи наслов „Спомените те убиват“.

Во неа специјално учество зема и нејзиниот колега Джордан, а екипата која ја создаде е Велислав Драганински – музика и аранжман, додека пак текстот е на Александар Попов и Петар Петров. Видеоспотот го изработи Људмил Иларинов – Љуси.

„Се надевам песната ќе ви се допадне, затоа што планирам да продолжам да правам песни кои произлегуваат од мојата душа и тоа ќе биде мојата насока во иднина“ – изјави Тања пред камерата на Планета Тв.

Во прилог погледнете ја:
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *