Без сомневање Јунона е една од бугарските изведувачки, која со своите песни ги освои срцата на публиката градејќи зад себе успешна кариера, пред сѐ со својот талент кој многупати е признаван и од страна на нејзините колеги, а ова лето ќе ги освојува музичките топ листи во регионот со своето најново музичко парче, кое носи интересен наслов “Колко пъти”.
„Во почетокот на месец јуни ќе го презентирам и другиот музички проект со видеоспот, кој е дело на композиторот Николај Пашев, односно Diamonds Beat Production. Ќе ви откријам ексклузивно дека песната се вика „Колко пъти“ (Колку пати) и е по текст на Анастасија Мавродиева. Исто така, овие денови го добив и демото на нова народна песна, на која чекам текст и таа е дело на Димитар Милев. И со композиторот Мартин Биолчев имаме започнато друг попфолк проект, кој се уште е демо и на него го очекувам текстот и се надевам кон крајот на ова лето да успеам да го реализирам и него со видеоспот.“ – сподели за нас Јунона во ексклузивното интервју кое ни го даде пред неколку дена.
Нејзиното најново музичко пополнување е дело на Diamond Beat Production во кое се вклучува и нејзиниот колега Борис Дали, додека пак спотот кој е повеќе од одличен е дело на Људмил Иларинов – Љуси, а во кој имаме можност да ја видиме изведувачката повторно во едно сексапилно издание, демонстрирајќи одлична фигура.
Во прилог, погледнете ја песната:
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета Тв