Бугарската пејачка Галена, важи за изведувачка која секогаш знае како пријатно да ги изненади своите обожователи.
Таа вчера во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube – PlanetaOfficial ја претстави својата најнова песна „Паника“ која за рекордни 24 часа има над 500.000 прегледи, со што веднаш ја направи една од најслушаните бугарски песни.
Песната е дело на нашиот композитор Јорданчо Василкоски – Оцко, со текст на Анастасија Мавродиева, додека пак неверојатниот видеоспот кој собра илјадници позитивни коментари е на режисерот Салих Сали, со камерман Бруно Амарал, снимен во Шпанија.
Во видеоспотот имаме можност да го видиме спортскиот автомобил De Lorean DMC-12, познат од трилогијата на Роберт Земекис -“Враќање во иднината“, како и природниот парк Барденас Реалес, кој беше составен дел од снимањето на филмот „Игра на тронови“, но дел од него беше прикажан и во филмот за Џејмс Бонд – „Еден свет не стигнува“.
Галена, како и секогаш изгледа повеќе од одлично, а за нејзиниот стајлинг се погрижи нејзиниот долгогодишен пријател и стилист Добромир Кирјаков.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета Тв