Познатите бугарски изведувачи Цветелина Јанева и Фики Стораро го претставија својот прв заеднички дует, кој носи наслов „Не ме оставяй“ (Не ме оставај).
Но, ова ни е нивна прва заедничка соработка. Имено ве потсетуваме дека пред пет години Фики со вокали се вклучи во баладата „Страх мее“ ( Ми е страв) на својата колешка Цветелина Јанева, по што конечно ја исполнија желбата на своите обожователи и ги обединија гласовите во дует.
Песната “Не ме оставяй (Не ме оставај) е дело на композиторот Даниел Ганев и на Фики, додека пак емотивниот текст го напиша поетесата Мариета Ангелова. Видеото кое воодушеви со својата убавина, претставувајќи го Средоземното море е на режисерот Николај Нанков, со камерман Николај Скерлев.
Во прилог погледнете го дуетот:
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета Тв