![]() |
Битолчанката Џесика Палашоска пред неколку дена се врати од одмор. Таа овој пат како дестинација за своето летување ја одбра Шпанија, затоа што одсекогаш била воодушевена од убавите плажи и ноќниот живот.
– „Отсекогаш имав желба да ја посетам оваа земја, и еве конечно го остварив тоа. Не шетав многу и не го истражував местото, затоа што по цел ден лежев на плажа и се сончав.“ – сподели пејачката пред весникот „Вечер“.
Но, она што најмногу ќе и остане во сеќавање од незаборавното летување во Лорет де Мар е тоа што иако на секој чекор и се додворувале, едно смело момче решило и да ја побара за сопруга.
– „Најмногу се изнасмеав кога еден дечко дојде од никаде, клекна пред мене и ме праша дали сакам да му бидам сопруга. Нормално, тој само се шегуваше, но тоа што го направи беше слатко и интресно.“ – додава Џесика за Вечер која наскоро ќе го претстави и својот прв музички албум.
Автор: Наташа Секуловска