![]() |
Катарина Грујиќ |
Сексапилната српска пејачка Катарина Грујиќкоја ја освои публиката со хитот „Грешка“, ги изненади обожователи со нова песна со наслов „Туѓа“.
Песната е дело на композиторот Сашко Николиќ, со текст на писателот Милан Милетиќ. Видеото го изработи Љуба, а во него Катарина повторно блеска со завидна фигура, собирајќи позитивни коментари од обожователите за одличниот стајлинг и изглед.
![]() |
Катарина Грујиќ |
Во меѓувреме песната е е една од најслушаните во регионот регистрирајќи над 1.500.000 прегледи во YouTube за само неколку дена, со што ја смести во редот на најслушаните песни за оваа сезона.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Градн продукција