Галена ја изненади својата публиката, кога претстави нова песна во дует со Faydee. “Habibi” e насловот на новиот проектот и веќе се врти во Youtube каналот на телевизија Планета.
Наскоро “Habibi” ќе има и видеоспот, а кадрите ќе бидат снимани надвор од Бугарија, но каде точно, засега не се знае.Автор на музиката е Кости Јонита, а бугарскиот текст е дело на Мариета Ангелова.
Автор: Наташа Секуловска