![]() |
Глорија |
Бугарската попфолк ѕвезда Глорија, не изневери на својата долгогодишна традиција да замини на одмор во некоја од далечните егозтични дестинации во текот на месец јануари, но овој пат друштво и прави нејзиниот сакан Јордан Џермански.
Имено, после неверојатниот успех на својот нов музички албум „Любовта настоява” кој за кратко време е речиси целосно распродаден, исто како и нејзината автобиографична книга „До последната усмивка“ која официјално излезе на 10-ти јануари, сосема заслужено таа одлучи да одмори од сите јавни изјави и настапи.
![]() |
Глорија |
Глорија, споделувајќи слики од одморот на Малдивите на социјалните мрежи, со својата прекрасна фигура успеа да ги собере погледите на сите. Како што открива, сето тоа е благодарение на спортувањето и строгиот хранителен режим.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ